18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНорвежанките ја освоија светската титула

Норвежанките ја освоија светската титула

norveska-rakometarki

Ракометарките на Норвешка ја совладаа Холандија со 31:23 (20:9) и ја освоија светската титула на шампионатот кој во неделата заврши во Данска. Норвешка го освои третиот златен медал на светските првенства во својата историја (1999, 2011, 2015), а исто така успеа одново да ги обедини европската, светската и олимписката тутула.

Холандија, која до финалето дојде со максимален ефект и која според оценките прикажа најмногу на Мундијалот, во финалниот меч немаше никакви шанси против расположените Норвежанки.

Резултатска неизвесност имаше само во првите осум минути, а потоа на сцена стапи голманот на Норвешка, Гимзбо која до 18-та минута забележа девет интервенции, вкупно 12 во првото плувреме, а нејзините колешки само ја зголемуваат предноста која по 30 минути изнесуваше 20:9.

Холандија се обиде да се врати во мечото во второто полувреме, успеа во еден момент да стигне до негатива од шест голови, но потоа повоторно на сцена стапи Гирмзбо која на Норвешка и овозможи мирна завршница.

Гримзбо со 23 одбрани беше најдобра на теренот, а стрелците кај Норвешка ги предводеа Херем со седум и Локе со шест голови. Кај Холандија нејафикасна беше Полман со осум гола, а Снелдер постигна пет.

Претходно Романија во борбата за бронзениот медал ја порази Полска (31:22), а од петтото до осмото место се пласираа Русија, Данска, Франција и Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП