6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРајо водеше на „Сантијаго Бернабеу“, па загуби со 10:2

Рајо водеше на „Сантијаго Бернабеу“, па загуби со 10:2

реал-рајо

Фудбалерите на Реал Мадрид го декласираа Рајо Ваљекано со 10:2 (4:2) во рамките на 16.коло, во Примера. Рајо на „Сантијаго Бернабеу“ водеше со 1:2, но откако во 28.минута остана со двајца играчи помалку, Реал во продолжение од натпреварот до врв ја наполни нивната мрежа.

Гол серијата ја отвори Данило веќе во третата минута, но Рајо имаше адекватен одговор и до 14.минута направи пресврт со головите на Амаја и Хосабед.

Веќе во наредната минута Рајо остана со играч помалку, откако Тито доби директен црвен картон поради еден опасен и невнимателн старт врз Крос.

Бејл во 25.минута погоди со глава за 2:2, а три минути подоцна главниот судија досуди еден сомнителен пенал за `кралскиот клуб` и на Баена му го покажа вториот жолт картон.

Со двајца играчи помалку беше само прашање колку голови ќе прими Рајо до крајот на мечот.

Од 30-та минута до крајот на полувремето голови постигнаа Роналдо од пенал и Бејл, а во второто полувреме стрелци беа Бензема, Роналдо, Бејл, Бејл, Бензема, Бензема.

Победата од 10:2 над Рајо Ваљекано е втората најубедлива за Реал во историјата на Примера, во 1960 година мадриѓаните славеле над Елче со 11:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП