2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоманките „бронзени“ на ракометниот Мундијал

Романките „бронзени“ на ракометниот Мундијал

uhihuigh

Ракометарките на Романија го освоија третото место на Светското првенство, откако во `малото финале` убедливо ја совладаа Полска со 31:22 (15:8).

Романките на патот до бронзениот медал славеа над светскиот првак Бразил и домаќинот на шампионатот Данска, а полуфиналето од Норвешка го загубија во продолжението. Предводени од Кристина Неагу, Романија ја декласираше Полска, чии ракометарки делуваа индиспонирано во текот на целиот меч.

Неагу на овој меч постиган десет голови и со вкупно 63 е најдобриот стрелец на Мундијалот.

На Мундијалот, претходно беше комплетирана борбата за пласман од петтото до осмото место, односно зад Романија и Полска следуваат Русија, Данска, Франција и Црна Гора, а носителот на златниот медал ќе биде познат по одигрувањето на финалето меѓу Норвешка и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП