9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо падот на спустот во Вал Гардена, опериран Матијас Маер

По падот на спустот во Вал Гардена, опериран Матијас Маер

maer

На австрискиот скијач Матијас Маер, кој во саботата доживеа тежок пад на трката во спуст на Вал Гардена, скршени му се два вратни пршлени, а ноќеска му е направена операција, објави Австрискиот скијачки сојуз во недела.

Олимпискиот победник во спуст е прв скијач на кој при падот му се активира воздушното перниче во посебното одело кое го носеше на трката и се чини дека токму тоа му го спаси животот или пак од здобивањето потешки повреди при падот.

Дополнителните испитувања покажале скршеница на шестиот и седмиот вратен пршлен.

Маер е опериран во клиниката во Инсбрук, а за него, оваа сезона е завршена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП