25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона ја освои светската титула

Барселона ја освои светската титула

barsa-marsa

Фудбалерите на Барселона ја освоија титулата на Светското првенство за клубови, откако во финалето во Јокохама, славеа над јужноамериканскиот шампион Ривер Плејт со 3:0 (1:0). Барселона во финалето ја предводеше најдобриот играч на турнирот Луис Суарес со два гола, а во листата на стрелците се запиша и Лео Меси. Барселона во Јокохама ја освои третата титула во ова натпреварување, по 2009 и 2011 година.

Титулата на клупскиот Мундијал е петта за Барселона во сезоната 2014/2015, откако претходно славеа во првенството и купот на Шпанија, Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА. Единствената титула која Барса не ја освои оваа сезона е Суперкупот на Шпанија, кој го загуби од Атлетик Билбао.

Првиот гол во финалето го постигна Меси во 36.минута. Дани Алвеш упати центаршут, Нејмар со глава ја спушти топката на пеналтикот, а Меси беше сигурен егзекутор. Аргентинецот го постигна четвртиот гол во финалните натпревари на клупскиот Мундијал.

Суарез, првиот од двата гола го постигна во 48.минута. Серхио Бускетс испрати брилијантна дијагонала, топката патуваше 30-тина метри до Уругваецот, кој излезе сам пред голманот на Ривер и лесно реализираше.

Точка на натпреварот стави Суарез во 68.минута. Нејмар центрираше од левата страна, а Суарез со глава го погоди спротивниот агол.

Последниот гол на Суарез значеше и соборување на сопствениот рекорд според бројот на постигнати голови во една година. Досега Барселона во 2015 година има постигнато 176 голови, еден повеќе од 2012 година. Рекордот Барселона може да го собори бидејќи до крајот на годината ќе одиграат уште еден натпревар, против Бетис на 30.декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП