18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола ја одложи одлуката за еден ден, медиумте тврдат дека ќе оди...

Гвардиола ја одложи одлуката за еден ден, медиумте тврдат дека ќе оди во Сити

pop

Пеп Гвардиола одлуката дали ќе остане во Баерн по завршувањето на сезоната, или ќе го напушти Минхен, ја одложи за еден ден. Одговарајќи на новинарско прашање, шпанскиот тренер рекол дека одлуката ќе ја соопшти в недела.

Сепак, иако Гвардиола побара уште еден ден за да му соопшти на фудбалскиот свет што решил околу својата иднина, медиумите шпекулираат дека тој ќе го одработи договорот со Баерн, а потоа ќе се пресели во Манчестер Сити.

Исто така се пренесува информацијата дека Гвардиола како менаџер на Манчестер Сити ќе има годишна плата од неверојатни 27 милиони евра.

Од друга страна, британски Guardian и германската телевизија ZDF пренесуваат дека нов тренер на Баерн ќе биде Карло Анчелоти кој се согласил да потпише тригодишен договор за плата од 15 милиони евра по сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП