7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку чини писмо до Марс?

Колку чини писмо до Марс?

stream

И додека NASA ја разработува логистиката за патување на човекот на Марс, едно британско момченце запраша колку би чинело да се испрати писмо на Црвената планета.

Петгодишниот Оливер Гидингс, едно од ретките деца кои во овие празнични денови е позаинтересирано за Марс отколку за Северниот пол, ѝ го поставил ова прашање на поштенската служба на Обединетото Кралство.

За да му одговорат, од британската Кралска пошта ги консултирале експертите на НАСА за оддалеченоста до Марс и количеството гориво потребно да се испорача пратката до таму. Требало да пресметаат и колку поштенски марки би биле потребни за испраќање на пратката тешка 100 грама до некоја од базите на американската вселенска агенција.

И официјалната цена за едно писмо до Марс изнесува – 11.602 британски фунти. Имајќи предвид дека писмото би патувало 56 милиони километри, тоа и не изгледа прескапо.

Според актуелниот ценовник на Кралската пошта, на писмото до Марс би требало да има 18.416 поштенски марки од прва класа или 21.486 марки од втора класа. Или, пореално, посебна марка за Марс во тој износ.

Оливер и неговата мајка се заблагодариле на брзиот одговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП