7 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 19-20.12.2015

Викенд хороскоп 19-20.12.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Партнерот ќе биде многу разговорлив и ќе се обиде да ја преземе улогата на аниматор. Искористете го викендов за да излезете надвор од градот и да ги наполните батериите. Доколку сте слободни, надвор од местото на живеење, преку пријател ќе запознаете една личност која ќе ви се допадне. Се уште не сте во фаза кога ве интересираат нови врски, но време е да размислите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Среќен викенд исполнет со интересни нешта од приватниот и деловниот свет. Венера во астролошката куќа на големите пари, носи нови и многу подобри перспективи. Младата месечина во Стрелец им одговара на оние кои веќе се искусни во својата работа. Можни се поволни вести поврзани со парите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Овој викенд е можно тајно дружење кое навистина ќе ве расположи. Можеби сами со себе ќе водите разговор и ќе се прашувате дали е ова вистински начин да бидам среќен, но деновите ќе ви поминат во многу добро расположение. Ако сте слободни, можно е преку социјалните мрежи да стапите во контакт со интересна личност.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Овој викенд ќе имате главоболка од проблеми. Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Овој викенд ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза. Во љубовните односи најважно е да разговарате со партнерот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Викендов ќе бидете повикани од пријатели кои одамна не сте ги виделе и кои со задоволство ќе бидат во вашето друштво. Доколку сте во брак или подолга врска, не очекувајте дека партнерот ќе се смени преку ноќ и ќе стане поопуштен. Од време на време ќе морате да ја поднесувате неговата нервоза. Но, вие сте толку добро расположени и ништо не може да ви ја помати забавата.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Повикот кој ќе го добиете овој викенд ќе ви донесе добри вести. Промените се дефинитивно подобри од моменталната состојба, затоа не се грижете. Искористете малку слободно време и за партнерот, тој го заслужува тоа. Обврските на работа завршувајте ги навремено.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате разновидни интереси, но не можете да се одредите за најдоброто решение. Со желба за лично докажување ќе го направите тоа што другите не можат. Влијанието на амбициозната Вага ќе ве поттике да ја засените својата околина. Премногу емотивните искази ќе го провоцираат вашиот партнер.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се чувствувате тромаво и немате голема желба за работа, но знаете дека ако сега не ги завршите работите, тие ќе останат за некој иден период или можеби никогаш нема да се завршат. Партнерот е полн со енергија и неговата помош ќе ви биде од голема корист. Доколку играте игри на среќа, вториот ден од викендот не пропуштајте да си ја опробате среќата.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендов ќе го поминете во дружење и комуникација со пријателите. Можно е и да средите некоја документација за да започнете во следната недела да работите без да се оптоварувате со заостанати работи. Партнерот почнува да го менува однесувањето и како повеќе да внимава на вас. Вашето однесување му е крајно сомнително и поради тоа бидете внимателни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Викендов ќе посакате да излезете надвор од градот и да се дружите со пријателите. Партнерските односи ви се добри и партнерот се обидува да внесе промени во вашиот однос. Единствено нешто што ве нервира во вашиот однос е неговата обземеност со работата и потребата да работи дури и за викенд. Ако сте слободни, вториот ден од викендот можно е ново познанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП