13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧетворица играчи ги продолжија договорите со Баерн

Четворица играчи ги продолжија договорите со Баерн

bajern igraci 44

Четворица фудбалери на Баерн Минхен ги продолжија договорите со клубот. Томас Милер, Џером Боатенг и Хави Мартинез ќе останат во Минхен до 2021-ва година, а највозрасниот меѓу нив Чаби Алонсо (34) до 2017-та година.

Најважно за Баерн е што нов договор потпиша Томас Милер (26), фудбалер за кого Манчестер Јунајтед покажуваше сериозен интерес.

„Милер ќе остане во Баерн, без оглед на сите понуди кои евентуално ќе ги добиеме од други клубови. Тој не е на продажба. Како што Меси и припаѓа на Барселона, Руни на Манчестер Јунјатед, така и Милер му припаѓа на Баерн. Можеби постојат фудбалери кои се технички подобри, побрзи, но не постои уште еден Томас Милер. Тој е драгоцен за Баерн, тој ја претставува суштината на Баерн“, изјави неодамна претседателот на клубот Карл-Хајнц Румениге.

Инаку Чаби Алонсо во Минхен пристигна во јули 2014-та година, претходно играл во Реал Сосиедад, Ливерпул и Реал Мадрид. Хави Мартинез (27) за 45 милиони евра во јуни 2012-та година од Атлетик Билбао се пресели во Баерн, една година претходно член на Баварците стана поранешниот играч на Херта, Хамбургер и Манчестер Сити, Џером Боатенг (27).

Томас Милер ги минал сите младински категории на Баерн, а во февруари 2009-та година го потпиша првиот професионален договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП