6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси и Нејмар ќе играат против Ривер Плејт

Меси и Нејмар ќе играат против Ривер Плејт

mesi nejmar 303

Лионел Меси и Нејмар ќе бидат подготвени за финалниот меч на клупскиот Мудијал во Јокохама, во кој Барселона за противник ќе го има Ривер Плејт. Меси полуфиналето со Гвангжу го пропушти поради болки во бубрезите, а Нејмар се повреди непосредно пред доаѓањето во Јапонија.

Иако се шпекулираше дека двајцата напаѓачи нема да играат во финалето, радиото „Кадена КОПЕ“, тврди дека тие ќе бидат во составот за финалниот меч.

Аргентинецот по деталните прегледи добил дозвола да се врати на тренинзите, додека Нејмар беше во протоколот за мечот со Гвангжу, но не влезе во игра.

Во отсуство на Меси и Нејмар, во полуфиналето блескаше Луис Суарез кој со три гола го потопи азискиот шампион, со што стана првиот играч кој на клупскиот Мундијал постигнал „хет трик“.

Финалниот натпревар меѓу Барселона и Ривер Плејт ќе се одигра в недела со почеток во 11:30 часот по средноевропско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП