26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУбедлив триумф на ракометарите на Вардар

Убедлив триумф на ракометарите на Вардар

вардар-раком

Ракометарите на Вардар со убедлива победа над Спартак 36:18, во СЕХА лигата, ѝ ставија крај на 2015 година.

Македонскиот шампион пред дуелот беше апсолутен фаворит, а тоа и го потврди на теренот постигнувајќи двојно повеќе погодоци од својот противник.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Филип Лазаров со 10 и Хорхе Македа со шест голови.

Вардар во СЕХА конкуренцијата, во досегашниот дел од сезоната, има забележано 11 победи, два пораза, а еднаш одигра нерешено.

Екипата на Раул Гонзалес е лидер во СЕХА конкуренцијата со 34 бодови од 14 одиграни натпревари, следува Веспрем кој има 28 бодови и четири натпревари помалку од Вардар, Загреб од 12 натпревари, односно Татран Прешов од 13 натпревари имаат собрано по 27 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП