17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТомислав Франц нов тренер на Работнички

Томислав Франц нов тренер на Работнички

tomi-franc

ФК Работнички го именува Томислав Франц за нов тренер на клубот. Досегашниот прв асистент во сениорскиот тим, согласно договорот со раководството, во следните две години ќе ги води „романтичарите“. Франц на клупата ќе го наследи Игор Ангеловски кој ја презема селекторската функција на Македонија.

„Сметаме дека тоа е најдоброто решение со оглед на тоа дека веќе седум години е во клубот, а три години е дел од сениорскиот погон како прв асистент на Ангеловски. Сигурни сме дека клубот со него ќе ја продолжи досегашната филозофија на работа. Франц е вистинскиот човек за продолжување на нашата стратегија за форсирање на млади фудбалери, но и за стигнување до успешни резултати во двете домашни натпреварувања, како и на меѓународна сцена. Ги познава одлично состојбите во клубот како и квалитетите на сите поединци и сигурни сме дека може соодветно да одговори на поставените задачи“, изјави за клупската интернет страница претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Работнички првиот дел од сезоната во домашното првенство ја заврши на четвртото место со 24 бодови, 19 помалку од лидерот Вардар.

Подготовката за пролетниот дел од првенството Работнички ќе ги започне на 8. јануари кога Томислав Франц ќе го одржи првиот свој собир со тимот како прв тренер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП