21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАбрамович по втор пат го избрка Мурињо!

Абрамович по втор пат го избрка Мурињо!

roman i murino

Премиерлигашот Челзи го отпушти тренерот Жозе Мурињо, објави „ББС“.

Португалскиот менаџер го завршува својот втор престој на „Стемфорд бриџ“ само седум месеци откако со „сините“ дојде до титулата во Премиер лигата.

Во оваа сезона лондончани се во тешка криза и по 16 круга се 16-ти на табелата на еден бод од испаѓање и заостанување од 20 бода зад лидерот Лестер.

На 7-ми август оваа година Мурињо потпиша нов четиригодишен договор со Челзи. Во сезоната тој неколку пати беше пред отпуштање поради слабите резултати, но сопственикот Роман Абрамович и Бордот на директори му изгласаа доверба.

Поразот од Лестер во понеделникот, сепак беше доволно Абрамович да превземе ваков чекор и да го казни Португалецот.

Пеп Гвардиола, Гус Хидинк, Брендан Роџерс и Хуанде Рамос се имињата на тренери кои се поврзуваат како наследници на Жозе Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП