19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Кои се највредните спортски тимови во светот?

График на денот: Кои се највредните спортски тимови во светот?

madridista 22

Секоја година бизнис магазинот „Forbes“ го анализира светот на спортот за да се подготви листата на 50-те највредни спортски тимови во светот, коментира „VisualCapitalist“.

Највредниот тим трета година по ред е фудбалскиот клуб Реал Мадрид, кој за прв пат го надмина Манчестер Јунајтед во рангирањето во 2013-та година. Времето во кое „Кралевите“ сепак ќе ја предводат ранг-листата може да биде ограничено. Американските франшизи во последно време забрзано„итаат“ кон предните позиции во рангирањето, па вредноста на франшизите на легендарните „Dallas Cowboys“ и „New York Yankees“ за првпат веќе е 3,2 милијарди долари, со што го делат второто место.

Просечната цена на 50-те највредни тимови беше 1,75 милијарди долари, што е за 31% повеќе од 2014-та година.

Зошто спортските тимови се повеќе вредни во последиве години? „Forbes“ забележува дека лигите и тимовите потпишуваат поскапи телевизиски договори, а спортот пренесуван во живо е важен елемент во светот на личните приходи и стримингот. Националната фудбалска лига (NFL), на пример, раздели приходи од 7,24 милијарди долари за сите 32 тимови во минатата сезона. Секој тим доби 226,4 милиони долари, главно од телевизиските права.

Рангирањето на највредните спортски тимови за оваа година вклучува 20 екипи од „NFL“, 12 клубови од Националната бејзбол лига (MLB), 10 екипи од „NBA“, 7 фудбалски, 1 хокеарски и 1 од Формула 1.

Вредноста на тимовите од „NBA“ и „MLB“ се зголемува во последниве години. Во 2014-та година во рангирањето имаше само 10, додека оваа година вкупно тие бројат 22.

madridista 24444

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП