19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуарез ја однесе Барса во финалето на клупскиот Мундијал

Суарез ја однесе Барса во финалето на клупскиот Мундијал

lusi 333

Фудбалерите на Барселона го совладаа Гвангжу Евергранде со 3:0 (1:0) и изборија пласман на Светското првенство за клубови, кое се одржува во Јапонија. На стадионот во Јокохама трите гола за европскиот шампион ги постигна Луис Суарез.

Азискиот и кинески шампион, Гвангжу Евергранде, во второто полуфинале на клупскиот Мундијал, се покажа како недораснат противник за европскиот фудбалски владател, Барселона.

Каталонците, иако без Меси кој поради болки во бубрезите неколку часа пред почетокот на мечот го откажа настапот и Нејмар кој е повреден, рутински се спавија со кинескиот првак.

Натпреварот на „Нисан“ стадионот во Јокохама мина во знакот на Луис Суарез, кој со помош на Андрес Иниеста забележа „хет трик“.

Првиот гол Уругваецот го постигна во 29-та минута, Ракитиќ упати удар од далечина голманот на Гванжу само ја одби топката на која натрча Суарез и ја смести во голот.

Во 50-та минута Иниеста упати прецизна топка кон својот напаѓач, тој ја прими на гради и во паѓање го погоди горниот десен агол.

Третиот гол Суарез го постигна од пенал во 67-ма минута.

Барселона, в недела, ќе се бори за својот трет трофеј во ова натпреварување, а Меси, Иниеста, Дани Алвеш и Бускетс се фудбалерите кои учествувале во претходните две кампањи кога Барса ја освојувала титулата на клупскиот Мундијал.

Финалето помеѓу Барселона и Ривер Плејт ќе се одигра во 11:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП