18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенија и Црна Гора тест ривали на Македонија

Словенија и Црна Гора тест ривали на Македонија

rakometari tte

Ракометната репрезентација на Македонија, која на 22-ри декември ќе ги започне подготовките за настап на Европското првенство, договори контролни средби со Словенија и Црна Гора.

Натпреварите со овие две селекции, кои исто така ќе играат на европското првенство, ќе бидат последни проверки за македонските репрезентативци пред заминувањето за Полска.

Македонија на 4-ти и 5-ти јануари ќе гостува во Словенија, а потоа на 10-ти и 11-ти јануари ќе игра на домашен терен против Црна Гора.

На Европското Првенство во Полска, Македонија се наоѓа во силната Група А, заедно со репрезентациите на Франција, Србија и домаќинот Полска, а натпреварите ќе ги игра во Краков. Првенството почнува на 15-ти јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП