Три драматични дуели понуди четвртфиналната фаза на Светското првенство во ракомет за жени, кое се одржува во Данска. Пласман во полуфиналето изборија Холандија, Полска, Норвешка и Романија.
Четвртфинални хероини се романските ракометарки кои предводени од брлијантната Кристина Неагу славеа над домаќинот Данска, по едно продолжение со 31:30. Романките кои во осминафиналето го елиминираа светскиот првак Бразил, во четвртфиналето направија уште еден подвиг со победата над Данска.
Романките имаа шанса во регуларниот дел да го решат победникот, но по истекот на времето Неагу не реализираше седмерец. Сепак во доплнителните пет минути Ромаките славеа со голот на Некита постигнат на две секунди до крајот на истекот на времето.
Кристина Неагу со 15 головви ја предводеше Романија до пласманот во полуфиналето.
Жесток натпревар одиграа Норвешка и Црна Гора кој заврши со триумф на норвашката селекција 26:25.
Норвешка победникот го реши во последните пет минути кога со головите на Локе и Мерк стигнаа до предност од 26:23, Црна Гора поентираше преку Мехмедовиќ, а пота Булатовиќ промаши седмерец за конечен триумф на Норвешка.
Мерк со осум голови беше најефикасна кај Норвешка, додека Мехмедовиќ и Радичевиќ со по шест голови ја предводеа Црна Гора.
Полска и го нанесе првиот пораз на Русија на СП и ја елиминираше од борбата за медалите. Полските ракометарки предводени од Коблинскаја, која постигна шест голови, славеа со 21:20.
Холандија немаше никави проблеми со Франција добивајќи го четвртфиналниот дуел со 28:25. Полман со 10 голови беше најефикасна во холандскиот тим.
Полуфиналните дуели во кои ќе играат Холандија-Полска и Норвешка-Романија на програмата се на 18.декември.