22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКомплетирана листата на четвртфиналисти во германскиот Куп

Комплетирана листата на четвртфиналисти во германскиот Куп

germaniiiii

Борусија Дортмунд, Штутгарт, Херта и Бохум ја комплетираа листата на учесници во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Германија.

Борусија рутински славеше во Аугсбург со 2:0 иако домаќинот одолеваше еден час на гостите од Дортмунд. Обамејанг во 61-та и Мхитаријан во 66.минута беа стрелци на головите за „милионерите“.

Владимир Дарида ја предводеше Херта до победата во Нинберг од 2:0, а Бохум со ист резултат славеше во вторлигашкиот дуел против Минхен 1860.

Штутгарт дури по продолженијата го елиминираше Брауншвајнг и тоа со голот на Тони Шуњиќ постигнат во 118.минута.

Во вторникот четвртфинале обезбеди Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Вердер и Хајденхајм.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП