13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛитекс исфрлен од бугарската Прва лига

Литекс исфрлен од бугарската Прва лига

литекс

Бугарскиот прволигаш Литекс Ловеч е исфрлен од Првата лига откако неговите играчи во знак на протест, против судиска одлука, во саботата во 44.минута на мечот со Левски, го напуштија теренот, објави Фудбалскиот сојуз на Бугарија.

Претседателот на клубот Трифун Попов, кој на фудбалерите им наредил да го напуштат теренот, мора да плати парична казна од 15.000 лева (7.500 евра), а покрај тоа и клубот е казнет со 20.000 лева (10.000 евра), изјавил претседателот на дисциплинската комисија Ури Кочев.

Литекс кој пред мечот со Левски се наоѓал на четвртото место на табелата има една недела да ја обжали одлуката на Дисциплинската комисија.

На саботниот натпревар главниот судија најпрвин во 15.минута го исклучил напаѓачот на Литекс, Бјорн Јонсен бидејќи без топка удрил противнички играч, а потоа во 44.минута црвен картон добил уште еден играч на Литекс и бил досуден пенал за Левски.

Претседателот Попов тогаш им наредил на играчите да се повлечат од теренот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП