5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИдеалниот тим во ЛШ без играчи на Барселона

Идеалниот тим во ЛШ без играчи на Барселона

GS team 001

Европската фудбалска унија (УЕФА) го објави идеалниот тим на фазата по групи во Лигата на шампионите.

Изборот на УЕФА е контроверзен бидејќи во идеалниот тим нема ниту еден играч на Барселона, која супериорно го освои првото место во својата група, а полемики ќе предизвика и изборот на голманот на ПСЖ Кевин Трап.

Нападот, во идеалниот тим го предводат Кристијано Роналдо, кој постигна 11 голови, со што стана апослутен рекордер во оваа фаза, Томас Милер и Хулк. Трап, според УЕФА во Лигата на шампионите имал подобра полусезона од Мануел Ноер, Јан Облак, Џиџи Буфон, Џо Харт.

ЛШ, иделаните 11:

Голман: Кевин Трап (ПСЖ)

Одбрана: Андреа Барзаљи (Јувентус), Диего Годин (Атлетико Мадрид), Тијаго Силва (ПСЖ), Давид Алаба (Баерн Минхен)

Среден ред: Вилијан (Челзи), Рахим Стерлинг (Ман.Сити), Свен Кумс (Гент)

Напад: Хулк (Зенит), Томас Милер (Баерн Минхен), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП