2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовогодишни желби на Ван Гал: Стонс, Лукаку и Хамес

Новогодишни желби на Ван Гал: Стонс, Лукаку и Хамес

stones lukaku 003

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал, го подготвил списокот со потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок. На списокот се издвојуваат три имиња Хамес Родригез од Реал Мадрид и двоецот на Евертон Ромелу Лукаку и Џон Стонс.

Ван Гал, според пишувањата на англиските медиуми, за овие тројца фудбалери подготвил сума од околу 200 милиони фунти.

Веројатно најреална опција за трансфер е Хамес Родригез кој јавно го изрази незадоволството од статусот кој го има во Мадрид, а според проценките Јунајтед за него би требало да издвои околу 80 милиони фунти.

За останатите двајца тешко е да се верува дека Евертон ќе се согласи воопшто да преговара. Евертон, во летниот преоден рок, одби 50 милиони фунти кои Челзи ги нудеше за младиот дефанзивец Стонс, додека Лукаку оваа сезона е лидер на тимот и веќе има постигнато 15 голови.

Инаку, Ван Гал смета дека Лукаку идеално би се вклопил во нападот со Антони Марсијал и Вејн Руни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП