6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУдинезе го изнајми Фриули за 99 години

Удинезе го изнајми Фриули за 99 години

Stadio_Friuli_1

Италијанскиот прволигаш Удинезе конечно од градот го изнајми стадионот за наредните 99 години. Со тоа беше исполнет и последниот услов за реконструкција на „Фриули“ за која веќе подолго време размислуваат во клубот.

„Ова е историски ден за целиот регион на Фриули“, не ја криеше радоста сопственикот на клубот, Џанпаоло Поко.

Веќе по завршување на сезоната ќе започне реконструкцијата на стадионот, кој по завршувањето на работите ќе биде претворен во мултифункционален објект со многубројни содржини што ќе влијае и на намалувањето на капацитетот. Планирано е во иднина да има 25.000 седишта на трибините.

„За мене лично, овој ден претставува крај на едно долго патување кое траеше десет години. Сега нам ни е овозможено да направиме модерен фудбалски стадион кој ќе биде достапен за сите нас и ќе биде отворен седум дена во неделата“, додава Поко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП