Десет натпревари се одиграа во НБА лигата во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот. Највозбудливо беше во Детроит каде Клиперси славеа по едно продолжение.
Блејк Грифин постигна 34 поени, но Џамал Крофорд ја постигна клучната тројка со која ЛА Клиперси славеа во Детроит по едно продолжение со 105:103.
Демијан Лилард со 30 поени го предводеше Портланд до победата над Њу Орлеанс (105:101), а Крис Бош постигна 24 кошеви во триумфот на Мајами над Атланта (100:88).
Сан Антонио ја декласира Јута со 118:81, а најефикасен кај Спарси беше Кави Ленард со 22 поени.
Џордан Хил со 20 поени и 13 скокови ја предводеше Индијана до победата, во дербито, против Торонто (106:90).
Резултати: Портланд-Њу Орлеанс 105:100, Денвер-Хјустон 114:108, Чикаго-Филаделфија 115:96, Мемфис-Вашингтон 112:95, Атланта-Мајами 88:100, Сан Антонио-Јута 118:81, Далас-Феникс 104:94, Индијана-Торонто 106:90, Детроит-ЛА Клиперс 103:105, Бруклин-Орландо 82:105.