19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиерлига: Варди и Марез го вратија Лестер на врвот

Премиерлига: Варди и Марез го вратија Лестер на врвот

les

Фудбалерите на Лестер славеа над Челзи со 2:1 (1:0) во последниот натпревар од 16-то коло во Премиерлигата и се вратија на челната позиција на табелата. Најдобриот тандем на Островото Џејми Варди и Ријад Марез уште еднаш беа херои на ‘лисиците’.

Џејми Варди со својот 15-то гол оваа сезона, по асистенцијата на Марез го отвори резултатот во 34.минута. На самиот почетокот од второто полувреме Алжирецот Марез постигна брилијантен гол, откако најпрвион го ‘измеша’ Аспиликуета, а потоа со левата нога го погоди спротивниот агол од голот на Куртоа.

Челзи по еден час игра пропушти две големи шанси, најпрвин Диего Коста излезе сам пред Шмајхел, но не успеа да го совлада данскиот голман, а во наредниот напад Фикс пред самиот гол го блокираше обидот на Ивановиќ.

‘Сините’ го ублажија поразот преку Лоик Реми, кој во 77.минута одлично реагираше со глава по центаршутот на Педро.

Лестер по 16 одиграни натпревари има десет победи и 35 бодови, два повеќе од Арсенал и три од Манчестер Сити, додека Челзи е во долниот дел на табелата, на 16-то место, со само 15 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП