28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИдеална линија можете да имате со овој витамински напиток!

Идеална линија можете да имате со овој витамински напиток!

Spinach-Juice-Benefits3333

Освен тоа што овој напиток е одличен за постигнување и одржување на витка линија, тој е и идеален освежителен пијалок полн со витамини…

Состојки:

1,5 до 2 чаши студена филтрирана вода

6 шолји исечкан спанаќ

5 шолји исечкана зелена салата

2 целери

1 излупено и исечкано јаболко

1 излупена и исечкана круша

1 банана

1 до 2 кафени лажички сок од лимон

Може да додадете и мраз, половина шолја кориандер и половина шолја магдонос

Подготовка:

1. Измијте го овошјето и излупете го тоа што има кора.

2. Ставете вода во блендер и додадете ја салатата и спанаќот. Вклучете го блендерот на минимална брзина и матете додека состојките не се соединат. Постепено зголемувајте ја брзината и додадете ги останатите состојки. Бананата и лимонот додадете ги последни.

Добиената смеса е доволна за четири големи чаши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП