20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико ја стигна Барса, Виљареал славеше над Реал

Атлетико ја стигна Барса, Виљареал славеше над Реал

atl

Атлетико Мадрид се израмни со Барселона на челната позиција во Примера, откако во 15.коло славеше над Атлетик Билбао (2:1), додека Реал, по поразот во Виљареал (1:0), остана на третото место со пет бодови помалку од лидерската двојка.

Атлетико на „Винсенте Калдрон“, славеше нат Атлетик со пресврт, со головите на Саул Нигез и Антоан Гризман.

Гостите од Баскија први постигнаа гол преку Ајмерик Лапорт во 27.минута.

Дефанзивецот на Атлетик најдобро се снајде по корнерот на својот тим и на втората статива ја заби топката под гредата.

Атлетико израмни на сличен начин и во вистински момент, во последниот напад во првото полувреме. Корнерот на Коке во гол го претвори младиот Саул Нигез.

‘Јорганџиите’ до трите бода стигнаа со голот на Гризман, францускиот репрезентативец, од 18 метри упати брилијантен удар и го совлада Горка Ираизоз.

Реал на „Ел Мадригал“ ја испушти шансата да се доблиќи на само два бода до водечката двојка. Виљареал одигра добро прво полувреме кое го круниса со голот на Роберто Солдадо во деветтата минута.

Во второто полувреме Реал го диктираше темпото но не успеа да создаде конкретна шанса за гол, неверојатно звучи податокот дека играчите на Рафа Бенитез упатија 18 удари, од кои само еден одеше во рамките на противничкиот гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП