20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООриги спаси бод за Ливерпул, тешка повреда на Ловрен

Ориги спаси бод за Ливерпул, тешка повреда на Ловрен

mn

Фудбалерите на Ливерпул освоија бод во 96.минута против ВБА, додека Њукасл славеше во Лондон над Тотенхем со 2:1, додека Арсенал рутински славеше над Астон Вила во Бирмингем со 2:0, во натпреварите кои во неделата се одиграа во Премиерлигата.

Ливерпул одигра катастрофално во дефанзивата против ВБА и поради тоа освои само еден бод, во натпревар кој го одбележа тешката повереда на Дејан Ловрен.

Капитенот на Ливерпул Хендерсон, кој по долгата пауза се врати во тимот, го постигна првиот гол во 21.минута. ВБА израмни по големата грешка на голманот Мињоле во 32.минута, а стрелец беше Доусон.

Во финишот на првото полувреме поради офсајд беше поништен голот на Олсон, но овој играч во 74.минута добро реагираше по едно нафрлување и му донесе предност на ВБА.

Поради тешката повреда на Ловрен, мечот беше продолжен за осум минути, а резервистот Ориги во 96.минута упати удар од 20-тима метри, топката на патот кон голот закачи некој од дефанзивците на ВБА и заврши во голот.

Тотенхем против Њукасл го отвори резултатот со голот на Дајер во 39.минута. Тој резултат беше активен до 74.минута кога Митровиќ израмни на 1:1, а Тотенхем го шокираше Ајосе Перез во 93.минута.

Арсенал на „Вила Парк“, рутински ја обезбеди победата против Астон Вила со головите на Жиру од пенал и Рамзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП