7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФутсал: Италија одигра за Словачка, Македонија остана без бараж

Футсал: Италија одигра за Словачка, Македонија остана без бараж

makedonija

Македонската футсал репрезентација остана без историски успех, односно пласман во баражот за Светското првенство, откако заврши на третото место на квалификацискиот турнир во Италија. Имено, Македонија во неделата славеше над Молдавија (5:2), а апсолутниот фаворит Италија си дозволи пораз од Словачка (1:2).

Во Групата 7, Италија, Словачка и Македонија освоија по шест бода, Молдавија заврши како последна без освоен бод. На крајот пресуди гол разликата помеѓу селекциите кои освоија по шест бода, а тука пресуди поразот на Македонија од Италија (1:6).

Инаку, во последното коло, Македонија славеше над Молдавија со 5:2 со головите на Петровиќ, Леовски, Глигоров, Мицевски и Де Соуза, додека Словачка со двата гола на Беленик постиганти во перидот од 28-та до 30-та минута славеше со 2:1 над Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП