ИНТЕРЕСНО

Извлечени групите за ЕП 2016

za

Во француската престолнина Париз, во саботата, беа извлечени групите за Европското првенство кое во Франција ќе со одржи наредната година. Шампионатот во Франција е прв на кој ќе учествуваат 24 репрезентации.

 

Група А: Франција, Албанија, Романија, Швајцарија

Група Б: Англија, Велс, Словачка, Русија

Група Ц: Германија, Северна Ирска, Полска, Украина

Група Д: Шпанија, Турција, Чешка, Хрватска

Група Е: Белгија, Република Ирска, Шведска, Италија

Група Ф: Португалија, Исланд, Унгарија, Австрија

 

Континенталното првенство ќе се одржува од 10.јуни до 10.јули 2016 година. Натпреварите на Европското првенство ќе се играат во десет градови: Марсеј, Ница, Лил, Лион, Ленс, Сен Етиен, Сен Дени, Бордо, Тулуз и Париз.

Првиот натпревар, со кој ќе биде отворено ЕП 2016 ќе го одиграат Франција и Романија. Пласман во нокаут фазата ќе изборат првата и втората репрезентација од секоја од шестте групи, како и четири селекции кои ќе завршат на третото место во групите.