7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајтвитуваниот фудбалски момент во 2015-та (видео)

Најтвитуваниот фудбалски момент во 2015-та (видео)

boateng mesi

Спортската 2015-та година полека заминува, па е вистинско време да се сумираат спортските и фудбалските резултати. Бевме сведоци на многу возбудувања и доминација на еден клуб, односно на напаѓачката тројка на Барселона: Меси, Суарез, Нејмар.

Барселона ја освои тројната круна, а особено импресивна беше во Лигата на шампионите, каде на доминантен начин стигна до титулата.

Едно интересно истражување на социјалните мрежи покажува дека вториот гол на Меси, постигнат во првиот полуфинален меч со Баерн, е моментот на кој му биле посветени најмногу „твитови“, 25.300 во минута.

Каталонците овој натпревар го добија со 3:0, а во реваншот загубија со 3:2, за подоцна во финалето да го совладаат Јувентус со 3:1.

Меси, најпрвин со брилијантен дриблинг го „скрши“ Боатенг, а потоа го совлада и Нојер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП