18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолден Стејт го преживеа Бостон

Голден Стејт го преживеа Бостон

Dec 11, 2015; Boston, MA, USA; Golden State Warriors guard Stephen Curry (30) throws a behind the back pass past Boston Celtics guard Avery Bradley (0) during the first half at TD Garden. Mandatory Credit: Winslow Townson-USA TODAY Sports

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, беа блиску до првиот пораз во сезоната, но по две продолженија славеа во Бостон (124:119). Актуелниот шампион сега има скор 24-0 од почетокот на првенството, а сметајќи ја и минатата сезона има низа од 28 победи и на второто место на вечната листа се израмни со Мајами од сезоната 2012/2013.

На тешкото гостување Голден Стејт успеа да победи, иако Стеф Кари немаше добра шутерска вечер, а тимот играше без Клеј Томпсон и Херисон Барнс.

„Беше исцрпувачки, но многу забавно. Добро е што победивме, но моравме да се бориме до крај за оваа победа“, рекол по мечот Кари кој заврши со 38 поени (3/14 за два, 6/13 за три, 14/14 слободни), 11 скокови и осум асистенции.

Кари одлично го испратија Дрејмонд Грин (24 поени, 11 скокови, осум асистенции), односно Андре Игудала, Еили и Ливингстон со по 12 поени.

Бостон имаше два шута за победа во регуларниот дел, најпрвин Ливингстон го изблокира Ајзеа Томас, а потоа Кели Олиник беше непрецизен. Токму Олиник со 28 поени беше најефикасен кај Селтикс, кои имаат скор од 13 победи и 10 порази.

Наредниот натпревар кошаркарите на Голден Стејт ќе го одиграат во Милвоки, со што ќе ја завршат турнејата по Истокот од седум натпревари. Доколку победат ќе станат првиот тим кој славеле на сите седум средби на гостинска турнеја.

Голден Стејт кој сега е втор на вечната листа со 28 последовни победи, до израмнување на рекородот на Лејкерси од сезоната 1971/1972 го делат уште пет натпревари.

Резултати:

Денвер-Минесота 111:108

Јута-Оклахома 90:94

Феникс-Портланд 96:106

Сан Антонио-ЛА Лејкерс 109:87

Мемфис-Шарлот 99:123

Њу Орлеанс-Вашингтон 107:105

Филаделфија-Детроит 95:107

Орландо-Кливленд 76:111

Индијана-Мајами 96:83

Торонто-Милвоки 90:83

Бостон-Голден Стејт 119:124.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП