7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо Брумен и Тоскиќ, и Горбок најави разделба со Вардар

По Брумен и Тоскиќ, и Горбок најави разделба со Вардар

sergei-gorbok-vardar-seha-liga

Левиот бек Сергеј Горбок по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона ќе замине од Вардар, откако со клубот договорил предвремен раскин на договорот, објави ракометниот клуб Вардар на својата интернет страница.

Договорот помеѓу Вардар и Горбок имаше важност до јуни 2017 години, но рускиот репрезентативец побарал од клубот по завршувањето на оваа сезона да стане слободен играч.

„Задоволство ни е што овие две сезони го имаме Сергеј Горбок како дел од тимот. Со својата посветеност и преданост покажа голема професионалност, и во моменти на радост и на тага. Клубот му заблагодарува за неговиот досегашен придонес, му излезе в пресрет на барањето, му посакуваме успех во натамошната кариера во иднина. Верувам дека и сезонава заедно ќе се радуваме на уште доста успеси“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар, за клупската интернет страница.

Од 2014 година Сергеј Горбок настапува за Вардар, и заедно со екипата играше во четврт-финалето на Лигата на шампионите, ја освои двојната круна во домашното првенство, а играше и на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

Горбок е третиот играч на Вардар за кого се знае дека ова му е последна сезона во клубот, претходно заминување најавија Алем Тоскиќ и Матијаж Брумен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП