6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбрван го објави поширокиот список за ЕП во Полска

Обрван го објави поширокиот список за ЕП во Полска

ивица-обрван

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, објави список од 28 ракометари кои ќе бидат во конкуренција за настап на Европското првенство во Полска.

На списокот на селекторот фигурираат добро познати имиња, кои беа дел од претходните репрезентативни акции, единствено го нема голманот Петар Ангелов, на неговото место е повикан Даниел Дупјачанец, кој има добра сезона во Металург.

Од овој список кој е испратен во ЕХФ, Обрван ќе избира кои играчи ќе ја преставуваат Македонија на Европското првенство.

Точниот термин и локација за старт на подготовките дополнително ќе биде објавен. Нашата репрезентација на континенталниот шампионат се наоѓа во група со Франција, Србија и домаќинот Полска. Првенството почнува на 15-ти јануари 2016, а Македонија своите натпревари од групата ќе ги игра во Краков.

Список на повикани ракометари:

1. Борко Ристовски
2. Даниел Дупјачанец
3. Никола Митревски
4. Златко Даскаловски
5. Дејан Манасков
6. Гоце Ојлески
7. Гоце Георгиевски
8. Бојан Маџовски
9. Мартин Велковски
10. Никола Костески
11. Стојанче Стоилов
12. Жарко Пешевски
13. Никола Маркоски
14. Филип Лазаров
15. Аце Јоновски
16. Филип Миркуловски
17. Наумче Мојсовски
18. Горан Кузмановски
19. Никола Стојчевски
20. Немања Прибак
21. Кирил Лазаров
22. Влатко Митков
23. Филип Талески
24. Филип Кузмановски
25. Милорад Кукоски
26. Велко Маркоски
27. Дарко Димитриевски
28. Стефан Дрогришки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП