9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБензема исфрлен од репрезентацијата

Бензема исфрлен од репрезентацијата

_87145023_tv030519561

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е исфрлен од репрезентацијата на Франција, соопшти претседателот на Фудбалската федерација на оваа земја (FFF), Ноел ле Грет. Бензема е суспендиран од националниот тим поради наводен обиде за изнуда на на пари од репрезентативниот соиграч Матје Валбуена.

На почетокот на минатиот месец, Бензема заврши в полиција под сомнение дека е вмешан во изнуда на пари од Валбуена со видео снимка на сексуален чин. Доколку се докаже дека Бензема е виновен му се заканува петгодишна затворска казна.

Откако аферата излезе на виделина, Бензема изјави дека само сакал да му помогне на Валбуена, односно дека бил само посредник помеѓу соиграчот и својот пријател од детството кој наводно ја поседувал секс снимката.

„Решив дека Бензема нема да и користи на репрезентацијата. Ова беше тешка одлука“, рекол првиот човек на францускиот фудбал.

Бензема има 27 години, репрезентативниот дрес го носи од 2007 година, одиграл 81 натпревар, а со 27 постигнати голови е најдобриот срелец на оваа генерација француски фудбалери.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП