8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар уверлив против ППД Загреб

Вардар уверлив против ППД Загреб

vardar-varvar

Ракометарите на Вардар во четвртокот во Скопје убедливо го совладаа ППД Загреб со резултат 33:24 во рамки на 12 коло од регионалната СЕХА лига.

Македонскиот состав уште од самиот почеток наметна силно темпо и веќе по 10 минути водеше со 8:2, а во 21 минута имаше огромни 11 разлика (15:4), кога стана јасно дека ППД Загреб нема шанси во овој меч.

Вардар го предводена хрватските интернационалци, Блаженко Лацковиќ и Лука Циндриќ, како и Русинот Сергеј Горбок со по пет голови, а расположени беа и голманите Петар Ангелов кој имаше девет, односно Арпад Штебик кој забележа шест одбрани.

Најдобар во редовите на хрватскиот состав беше Домагој Павловиќ со седум голови, додека голманот Иван Стевановиќ имаше седум одбрани.

Со осмата победа од 11 натпревари Вардар се искачи на второто место од СЕХА лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП