21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајнштајгер суспендиран на три меча

Швајнштајгер суспендиран на три меча

_87148013_schweinsteiger_reid_getty

Дисциплинската комисија на Англискиот фудбалски сојуз (FA) го суспендираше играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бастиан Швајнштајгер поради удирање на противнички играч за време на натпреварот против Вест Хем.

Швајнштајгер е казнет поради удирање со лакот на противничкиот стопер, Винстон Рајд за време на натпреварот на Олд Трафорд, кој заврши без голови.

Натпреварот заврши во сенка на овој инцидент. Главниот судија Марк Кладенбург не го виде инцидентот, а не го видоа ниту помошниците .

„Беше тоа за чист црвен картон. Директен црвен картон без никакво сомневање. Заслужи да биде исклучен, но судијата ми рече дека не видел. Јас му верувам“, изјави менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП