18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар на полусезоната пет бода пред Шкендија

Вардар на полусезоната пет бода пред Шкендија

prva liga

Фудбалерите на Вардар со предност од пет бода пред најголемиот конкурент Шкендија го завршија есенскиот дел од домашниот фудбалски шампионат. Во 18. коло, последно во есенскиот дел од шампионатот, Вардар и Шкендија запишаа сигурни победи во дуелите со Силекс, односно Шкупи. Вардар славеше над Силекс со 4:0, а Шкендија со 4:1 го порази Шкупи.

Вардар до победата над екипата од Кратово стигна со головите на Грнчаров во првото, односно Ивановски и Стојков кој постигна два гола во второто полувреме.

Ибраими, постигна два гола во првото полувреме за сигурна предност на Шкендија во дуелот со Шкупи. Во второто полувреме третиот гол го постигна Алими, потоа Асани зголеми на 4:0, а Бајрами го постигна почесниот гол за Шкупи.

Фудбалерите на Младост во Охрид ги постигнаа сите голови во триумфот над Хоризонт Турново (2:1). Најпрвин Цветановски погоди за водство на Младост, потоа со автогол израмни Ѓорески, а Далчески во финишот на првиот дел ја врати предноста на Младост. Турново мечот го заврши со десетмина, откако Тафе беше исклучен поради вториот жолт картон во 66. минута.

Прашањето на победникот на мечот Брегалница-Ренова беше решено во првите 20 минути кога беа постигнати головите.

Скендери во третата минута погоди за водство на Ренова, а три минути подцна израмни Христов. Здравков направи пресврт во десеттата минута, а Скендери со својот втор гол израмни на 2:2. Третиот гол за Брегалница го постигна Нацев во 22 минута.

Најголемото изненадување го направи Металург, кој со драстично подмладен состав успае да освои бод против фаворизираниот Работнички.

Резултати 18-то Коло:

Металург-Работнички 0:0

Младост Царев Двор-Хоризонт Турново 2:1

Брегалница-Ренова 3:2

Шкендија-Шкупи 4:1

Вардар-Силекс 4:0

Табела, 18-то Коло: 1. Вардар 43, 2.Шкендија 38, 3. Силекс 26, 4. Шкупи 24, 5. Работнички 24, 6. Ренова 20, 7. Турново 20, 8. Брегалница 19, 9. Младост 16, 10. Металург 13.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП