22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХареиде именуван за селектор на Данска

Хареиде именуван за селектор на Данска

age hareide

Поранешниот тренер на Малме, Аге Хареиде (62) е именуван за селектор на фудбалската репрезентација на Данска, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја (DBU).

Хареиде на клупата го наследи Мортен Олсен, кој по 15 години поднесе оставка по неуспехот во баражот за пласман на Европското првенство.

Норвешкиот стручњак потпишал двегодишен договор со можност истиот да биде продолжен за уште две години.

Хареиде, последен пат седеше на клупата на Малме во вторникот, кога шведскиот првак доживеа рекорден пораз од Реал (8:0) во Лигата на шампионите.

Хареиде покрај Малме, во кариерата бил тренер во Бронди, Молде, Розенборг, а пет години бил и селектор на Норвешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП