4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple неможе да го патентира iPad Mini

Apple неможе да го патентира iPad Mini

original

Американската агенција за заштита на патентите и марките го одби барањето на „Apple“ да го заштити името на нивниот популарен производ „iPad Mini“.

Одбивањето на барањето за заштита на името на популарниот мини таблет, Агенцијата го образложила со тоа дека името на уредот е само описно и поради тоа не прави „единствена смисла“.

Меѓутоа битката за „Apple“ се уште не е изгубена затоа што оваа компанија има време до јули да ја убеди Агенцијата за патенти дека нивниот производ суштински се разликува од неговиот „постар брат“.

Во изминативе неколку месеци „Apple“ беше дел од неколку спорови во врска со патентите и имињата со неколку конкурентски фирми, па овој проблем за заштитата на името на „iPad Mini“ само се надоврзува на веќе постоечките.

Одлуката за одбивањето да се заштити името „iPad Mini“ беше донесена во јануари, но деталите за јавноста не беа достапни се до сега.

„Термините „Pad“, „Mini“, како и префиксот „i“ се сите описни, па ни името кое е изведено од нив „iPad Mini“ неможе да има „единствена смисла““, стои во одлуката на Агенцијата за заштитата на патенти и марки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП