18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПипан се врати во Златорог Лашко

Пипан се врати во Златорог Лашко

ales pipan

Алеш Пипан, кој во понеделникот си замина од клупата на МЗТ Скопје Аеродром, експресно најде нов ангажман. Според најавите, Пипан, се врати во татковината и во иднина ќе го предводи тимот на Златорог Лашко.

Пипан замина од МЗТ по серијата од шест порази, односно девет порази во 13 натпревари во АБА лигата, по кои македонскиот шампион заедно со Цибона и Сутјеска се наоѓа при дното на табелата.

56-годишниот стратег во кариерата досега три пати седел на клупата на Златорог и тоа од 1997-2000, 2003-2005 и 2008-2011, дебито ќе го има на 12-ти декември во првенството на Словенија против Електра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП