25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФјури остана без титулата во IBF верзијата

Фјури остана без титулата во IBF верзијата

fjuri 33

Тајсон Фјури, новиот светски првак во бокс, остана без титулата во верзијата на IBF. На Британецот од оваа асоцијација му ја одзедоа титулата бидејќи одбил да се бори против предизвикувачот Вјачеслав Глазаков.

Фјури пред две недели сензационално го совлада Владимир Кличко и стана нов светски шампион, но IBF реши да му ја одземе титулата бидејќи одбил борба со Глазаков, кој е прв на листата на предизвикувачи.

Според правилата на IBF, Фјури е должен да се бори со предизвикувачот, но тој ја одбил борбата откако Кличко најави дека ќе ја активира клаузулата и дека ќе побара реванш кој најверојатно ќе се случи за седум до осум месеци.

„Овој појас ќе го фрлиме в ѓубре“, порачал тренерот на Фјури, Питер Фјури, откако дознал дека IBF ќе го одземе појасот наменет за светскиот првак.

Во 2016 година Глазаков ќе се бори со Чарлс Мартин за титулата во IBF верзијата, додека Фјури преостанатите титули ќе ги брани во 2016 година на реваншот со Кличко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП