5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Јунајтед елиминиран, рекорд за Реал и Роналдо

ЛШ: Јунајтед елиминиран, рекорд за Реал и Роналдо

_87108206_manutd

Потрошените милиони во летниот преоден рок не му овозможија на Манчестер Јунајтед да направи некој позначаен резултат во Лигата на шампионите. Јунајтед гостуваше кај Волфсбург и загуби со 3:2, а покрај германскиот тим од Б групата во осминафиналето оди ПСВ Ајндховен кој славеше со пресврт над ЦСКА (2:1). 

Група А

Реал запиша историски резултат, откако со 8:0 славеше над Малме и ја израмни најубедливата победа во историјата на Лигата на шампионите, во 2007 година Ливерпул со 8:0 го совлада Бешикташ, а интересно и на тој меч на клупата на победникот седеше Рафа Бенитез.

Кристијано Роналдо, кој на овој меч постигна четири гола, стана најдобриот стрелец кога е во прашање фазата по групи, тој на шест натпревари постигна 11 голови.

Исто така Роналдо и Бензема се првите двајца играчи од иста екипа кои на едн натпревар постигнале најмалку по три гола.

ПСЖ против Шахтјор забележа рутинска победа со головите на Моура и Ибрахимовиќ.

Од оваа група Реал и ПСЖ одат во нокаут фазата, а Шахтјор ќе игра во Лига Европа.

Група А:

ПСЖ-Шахтјор 2:0

(Лукас Моура 57’, Ибрахимовиќ 86’)

Реал-Малме 8:0

(Бензема 12’ 24’ 74’, Роналдо 39’ 47’ 50’ 59’, Ковачиќ 70’)

Табела: Реал 16, ПСЖ 13, Шахтјор 3, Малме 3

Група Б

Пред почетокот на ова коло три тима имаа реални шанси за пласман во осминафиналето, каде на крајот се пласираа Волфсбург и ПСВ Ајндховен, додека Манчестер Јунајтед ќе мора да се задоволи со Лига Европа.

Јунајтед водеше против Волфсбург, потоа германскиот вицепрвак направи пресврт за 2:1, вистинска драма се случуваше во последните осум минути, најпрвин Гуилавуги со авто гол го израмни резултатот, но само две минути подоцна Налдо со својот гол му ја донесе победата и првото место на Волфсбург.

Драматично беше и на Филипс стадионот во Ајндховен, каде домаќинот и ЦСКА калукираа речиси 75 минути, а потоа рускиот шампион стигна до предност со гол од пенал, но ПСВ со два гола до крајот направи пресврт.

Група Б:

Волфсбург-Манчестер Јунајтед 3:2

(Налдо 13’ Налдо 84’, Виериња 29’-Марсијал 9’, Гуилавуги (аг) 82’ )

ПСВ Ајндховен-ЦСКА 2:1

(Де Јонг 78’, Пропер 85’ – Игнашевич 76’)

Табела: Волсбург 12, ПСВ 10,  Ман.Јунајтед 8, ЦСКА 4

Група Ц

Бенфика и Атлетико водеа битка за првата позиција во групата, на крајот победи шпанскиот тим, кој само ја потврди добрата форма и успеа да се реваншира за идентичниот пораз од пред месец и пол.

Галатасарај освои бод против Астана и ќе игра во Лига Европа. Астана, дебитантот во Лигата на шампионите, сезонава остави добар впечаток иако не запиша ниту една победа, на крајот освои четири бода, а загуби на гостувањата во Мадрид и Лисабон.

Група Ц:

Галатасарај-Астана 1:1

(Инан 64’-Твумаси 62’)

Бенфика-Атлетико 1:2

(Митроглу 76’-Саул Нигез 33’, Вието 55’)

Табела: Атлетико 13, Бенфика 10, Галатасарај 5, Астана 4

Група Д

Севилја забележа минимална победа над Јувентус и благодарение на поразот на Борусија ќе продолжи во Лига Европа, каде ја брани титулата освоена минатата сезона.

Борусија, во Манчестер, имаше предност од 43-та се до 80-та минута, а потоа Сити постигна три гола и победи со 4:2 за прво место во групата.

Група Д:

Манчестер Сити-Борусија Менхенгладбах 4:2

(Давид Силва 16’, Стерлинг 80’ 81’, Бони 85’-Корб 19’, Рафаел 43’)

Севилја-Јувентус 1:0

(Љоренте 65’)

Табела: Ман.Сити 12, Јувентус 11, Севилја 6, Борусија 5.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП