8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Конечна разврска во Групата Б

ЛШ: Конечна разврска во Групата Б

volfi runi

Групата Б во Лигата на шампионите привлекува најголемо внимание од сите останати, бидејќи таму три тима се борат за две места кои носат пласман во осминафиналето. Доза неизвесност има и во групата Ц, бидејќи Бенфика и Атлетико ќе решаваат за првото место во групата.

Волфсбург во конкуренција на Манчестер Јунајтед и ПСВ Ајндховен, има најмногу шанси за пласман во осминафиналето. Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Волфсбург, кој со еден освоен бод ќе оди во наредната фаза.

Англискиот тим со победа е сигурен во нокаут фазата, додека во случај на нерешен резултат или пораз ќе го чека исходот од мечот меѓу ПСВ и ЦСКА Москва.

Инаку во А групата се знае дека Реал и ПСЖ ќе играат во осминафиналето, во Б групата Атлетико со евентуална победа во Лисабон ќе биде прв во групата Ц, додека во Д групата Јувентус ќе оди по бод во Севилја за потврда на првото место.

Група А:

ПСЖ-Шахтјор

Реал-Малме

Табела: Реал 13, ПСЖ 10, Шахтјор 3, Малме 3

Група Б:

Волфсбург-Манчестер Јунајтед

ПСВ Ајндховен-ЦСКА

Табела: Волфсбург 9, Ман.Јунајтед 8, ПСВ 7, ЦСКА 4

Група Ц:

Галатасарај-Астана

Бенфика-Атлетико

Табела: Атлетико 10, Бенфика 10, Галатасарај 4, Астана 3

Група Д:

Манчестер Сити-Борусија Менхенгладбах

Севилја-Јувентус

Табела: Јувентус 11, Ман.Сити 9, Борусија 5, Севилја 3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП