28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн Џејмс потпиша доживотен договор со Nike

Леброн Џејмс потпиша доживотен договор со Nike

LeBron James

„Nike“ потпиша доживотен договор со ѕвездата на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, информираат „Bloomberg“ и „Forbes“. Ова е прв доживотен договор во 44-годишната историја на концернот за спортска опрема.

30-годишниот Џејмс потпиша договор за 7 година со „Nike“ пред драфтот во 2003-та година, кога беше избран од Кливленд. Во 2010-та година тој го обнови договорот со компанијата за спортска опрема, а според него добиваше по 30 милиони долари годишно.

Во изминатата година „Nike“ договори 10-годишен договор со еден од главните конкуренти на Леброн во НБА, Кевин Дурант.

Податоците на „SportsOneSource“ покажуваат дека патики на Леброн Џејмс генерираат продажба од 340 милиони долари годишно, што е повеќе од кој и да е друг од активните играчи. Од „Nike“ одбија да коментираат каков ќе е износот што Џејмс ќе го добива секоја година.

Уште во 2005-та година Леброн Џејмс изјави во интервју дека сака да е првиот спортист милијардер во светот.

„Се надевам дека во следните 15-20 години да сум еден од најбогатите луѓе во светот. Една од моите цели е да сум милијардер“, изјави тогаш Џејмс.

Изгледа дека границата од 1 милијарда долари е се поблиску по потпишувањето на договорот со „Nike“.

Во графата за најдолги договори денес освен Леброн Џејмс се рангираат Џејмс Харден (со „Adidas“ до 2028-ма година), Кевин Дурант (со „Nike“ до 2024-та) и Стеф Кари (со „Under Armour“ до 2024-та).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП