15 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуковиќ го напушти Куманово

Луковиќ го напушти Куманово

lukovic 000

Урош Луковиќ, 213 сантиметри високиот центар, реши да го напушти тимот на Куманово, кој до минатата недела од клупата го предводеше неговиот татко Љубисав Луковиќ.

Овој 26-годишен центар, поранешен играч на  ФМП од Железник, Раднички ФМП, Сарагоса, Куманово, Татру и Кожув, според шпекулациите, кариерата ќе ја продолжи во МЗТ или во белградски Партизан.

Куманово експресно најде замена за Луковиќ, тимот веќе потпиша договор со српскиот центар Ненад Мишановиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП