20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПипан си замина од МЗТ

Пипан си замина од МЗТ

ales pipan

Алеш Пипан повеќе не е тренер на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром. Тренерот и клубот постигнале взаемна согласност за прекин на соработката, информираа oд клубот.

Словенецот со МЗТ освои две титули во првенството и една во Купот на Македонија, а на почетокот на оваа сезона го освои Суперкупот во домашната кошарка.

Разделбата на Пипан и МЗТ доаѓа по поразот од Цедевита во 13-то коло во АБА лигата, кој беше шести во низа и вкупно деветти во првенството. МЗТ со само четири победи е во друштво на Цибона и Сутјеска и само поради подобрата кош разлика не е на последното место во лигата.

Пипан нема долго да биде без работа, бидејќи се поврзува со својот поранешен тим Крка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП