3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Ноќ на Кари, Метјуз и Вестбрук

НБА: Ноќ на Кари, Метјуз и Вестбрук

07NETS-master675

Стеф Кари и Голден Стејт стигнаа до 22-та победа од стартот на сезоната во НБА лигата. Кари против Бруклин постигна 28 поени, а Вориорс славеа со 114:98. Покрај Кари, индивидуално мечевите кои се одиграа во ноќта помеѓу неделата и понеделникот го одбележаа Весли Метјуз кој постигна десет тројки и Расел Вестбрук кој оствари ‘трипл дабл’.

Голден Стејт, од стартот на првенството на гостински терен има скор 12-0, со што го израмни рекордот на Њујорк од 1969 година. Кари постигна 16 од своите 28 поени во третата четвртина, а преку 20 кошеви реализираа уште Клеј Томпсон (21 поен) и Дрејмонд Грин (22 поени, 9 скока, 7 асистенции).

Весли Метјуз одигра симултанка во Вашингтон и со 36 поени го предводеше Далас до победата 116:104. Метјуз го израмни личниот рекорд, а во второто полувреме тој постигна дури 28 поени. Кај Вашингтон се истакна Џон Вол со 28 поени и 10 асистенции.

Оклахома славеше над Сакраменто (98:95), а мечот го реши Кевин Дурент кој погоди две слободни фрлања на шест секунди до крајот. Дурент на крајот заврши со 30 поени, 10 скокови и 10 загубени топки, а неговиот соиграч Расел Вестбрук оствари ‘трипл дабл’ од 19 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Коби Брајант го одигра својот последен натпревар во Детроит. Лејкерси загубија со 111:91, а Брајант одигра катастрофален меч, тој погоди само два од 15-те обиди од поле.

Драматична победа (95:93) забележа Мемфис над Феникс. Последните поени на мечот ги постигна Џеф Грин со забивање на 0,5 секунди до крајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП