23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Цедевита победи во „Јане Сандански“

АБА лига: Цедевита победи во „Јане Сандански“

aba_league_logo1

МЗТ го забележа шестиот последовен пораз, вкупно девети во 13-от натпревар во регионалната АБА лига. Во неделата, македонскиот шампион загуби од Цедевита со 65:70.

МЗТ ја имаше контролата врз натпреварот речиси 25 минути, кога дојде и довцифрена предност, но до крајот на третиот период, гостите од Загреб со серија од десет поени целосно се вратија во натпреварот.

Играчите на Алеш Пипан не се снајдоа против зонската одбрана на Цедевита, која во последните три минути од натпреварот со нова серија, овој пат од осум поени го реши победникот.

Дреновац со 18 и Луковиќ со 13 поени го предводеа МЗТ, додека Билан со 14 поени и 10 скокови беше најдобриот играч на Цедевита.

МЗТ со овој пораз се наоѓа при дното на табелата, односно заедно со Цибона и Сутјеска е на делба од 12-та до 14-та позиција. Цедевита е втора на табелата со десет победи и три порази.

Екипата на МЗТ во наредното коло, на 12.декември, ќе ја пречека Олимпија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП