
Норвежанецот Кенет Гангнес победи на натпреварот во ски скокови кои се одржаа во Лилехамер.


Норвежанецот Кенет Гангнес победи на натпреварот во ски скокови кои се одржаа во Лилехамер.
Гангнес со скоковите од 98 и 99 метри собра 278,2 бода, на второто место се пласира Словенецот Петер Превц (96,5 и 100,5 метри), а трет беше уште еден Норвежанец Јохан Андре Форфган (96,5 и 99,5 метри).
Во вкупниот поредок во Светскиот куп води Германецот Зеверин Фројнд, кој во Лилехамер заврши на петтото место, со 205 бодови, бод повеќе од Гангнес и Превц кој има 184 бодови.