19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Металург поразен во Норвешка

ЛШ: Металург поразен во Норвешка

meta88

Ракометарите на Металург со пораз го завршија учеството во Лигата на шампионите во сезоната 2015/2016. Без Лино Червар на клупата, Металург, во Норвешка кај Елверум, го одигра најлошиот меч сезонава во Д групата и на крајот запиша пораз од 29:23 (15:7).

Металург оваа сезона ја заврши на последното место во групата со две победи и осум порази.

Лошо делуваше Металург против Елверум, 50-тина минути одбраната не функционираше, во нападот се правеа премногу технички грешки и домашниот тим по 15:7 на полувремето, во еден момент од второто полувреме стекна и десет голови предност.

Триото на Елверум Лингбое-Митровиќ-Стегавик го изрешета голот на тимот од Автокоманда, комбинирајќи 22 гола.

Во последните десет минути, кога Елверум веќе ја обезбеди победата, Металург успеа да ја преполови негативата и да стигне до поднослив пораз.

Божовиќ со пет, односно Матиќ и Крстевски со по три гола беа најефикасни кај Металург, додека кај Елверум Лингбое постигна осум, а Матиќ и Стегавик по седум голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП